Економија УЈП ќе овозможи увид во Годишната даночна пријава и за викендов

УЈП ќе овозможи увид во Годишната даночна пријава и за викендов

Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот.

„Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 3 јуни (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени“, велат од УЈП.