Свет Балкан Турција привремено ќе ја суспендира Европската конвенција за човекови права

Турција привремено ќе ја суспендира Европската конвенција за човекови права

Турција привремено ќе ја суспендира Европската конвенција за човекови права отако синоќа воведе вонредна состојба, соопшти потпретседателот на Владата на Турција, Нуман Куртулмуш.

Тој рече дека во текот на неуспешниот државен удар постоеле „структурални и индивидуални“ разузнавачки пропусти и дека во тек е реконструирање на војската.

Куртулмуш, исто така, соопшти дека вонредната состојба, која е воведена за да им овозможи на властите поефикасно да работат на разоткривање на одговорните за превратот, веројатно ќе биде укината за еден месец или за месец и половина.