Свет Балкан Турција има список на пoтенцијални бомбаши-самоубијци

Турција има список на пoтенцијални бомбаши-самоубијци

Официјална Анкара поседува список на осомничени кои би можеле да извршат самоубиствени напади, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи дека не може да бидат преземени предвреме правни дејства бидејќи нападите не се извршени.

Турските власти соопштија дека напаѓачите од терористичкиот напад во Анкара, пристигнале во Турција од соседна земја. Неколку лица се уапсени во врска со нападот, но не се откриваат повеќе детали.

Во меѓувреме, властите во Истанбул ги забранија протестите на синдикатите и на граѓанските здруженија кои ги загубија своите пријатели и колеги во нападот во Анкара, со образложение дека е „моментот е чувствителен“.