Македонија Турција има и други алтернативи освен ЕУ, порача Ердоган

Турција има и други алтернативи освен ЕУ, порача Ердоган

Турција сè уште се нема откажано од амбицијата да стане членка на Европската Унија, но ако процесот не напредува, земјата има уште „многу други алтернативи“, порача турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека сè уште не ја завршиле приказната наречена ЕУ.

– Но, никој не смее да заборави дека Турција секогаш има многу други алтернативи – рече Ердоган.

Сепак, тој не прецизираше за кои алтернативи станува збор, но рече дека разговорите со другите потенцијални партнери се во тек.

– Нашиот пат можеме да го продолжиме со некој друг – рече претседателот на Турција.

Откако Европскиот парламент минатата година усвои необврзувачка резолуција за замрзнување на преговорите со Анкара, Ердоган рече дека Турција не мора „по секоја цена“ да се приклучи кон ЕУ.