Свет Балкан Турција го продолжи безвизниот режим за Русите

Турција го продолжи безвизниот режим за Русите

Турција го продолжи максималниот престој на државјаните на Русија без виза од 60 на 90 дена, соопшти денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

– Русите сега во Турција можат без виза 90 дена – рече Чавушоглу во Аланија.

Русија го суспендираше безвизниот режим со Турција и воведе ембарго за голем број производи од земјата откако турски воен авион урна руски борбен авион „су-24“ во Сирија во ноември 2015 година.

Како одговор, Турција воведе визи за руските новинари во февруари 2016 година.

Билатералните односи меѓу двете земји почнаа да се поправаат по извинувањето од Турција во 2016 година.