Свет Балкан Турција: Единаесет мигранти се удавија во Средоземно Море

Турција: Единаесет мигранти се удавија во Средоземно Море

Единаесет бегалци се удавија, а пет исчезнаа откако се превртија два чамци што пловеле кон грчкиот остров Кос, јавуваат турските медиуми.

Чамецот, во кој имало 16 мигранти, потонал во меѓународни води, откако утринава го напуштил турскиот град Бодрум. Седум од нив се удавиле, а четворица се спасени.

Неколку часа подоцна, друг чамец со шест бегалци потонал во близина на брегот на Бодрум. Жена и три деца се удавиле, додека двајца мигранти со појаси за спасување успеале да дојдат до брегот во полусвесна состојба.

Голем број бегалци од Африка и од Азија се обидуваат да дојдат од Турција до грчките острови, без оглед на ризиците.