Свет Турција до април ќе го заврши ѕидот на границата со Сирија

Турција до април ќе го заврши ѕидот на границата со Сирија

Турција ќе заврши со градењето на ѕидот долг 900 километри долж границата со Сирија до април следната година.

– Ѕидот ќе биде целосно готов до април. Трошоците не се високи, а зад него поставуваме дополнителни мерки за гаранција на безбедноста, како и кули. Сетоа ова треба да ја зголеми безбедноста на Турција – изјави Ергун Туран, претседателот на компанијата ТОКИ, која гради две третини од ѕидот.

Официјална Анкара со ѕидот сака да ги спречи припадниците на Исламска држава да влезат во земјата.