Свет Европа Турција даде дозвола за подморско истражување за „Турски тек“

Турција даде дозвола за подморско истражување за „Турски тек“

Дозвола за спроведување инженерски истражувања за подморската делница на гасоводот „Турски тек“ даде Турција, соопштија од „Газпром“.

Со овој документ предвидени се инженерски истражувања на првата линија на гасоводот во ексклузивната економска зона и во територијалните води на Турција.

Подморската делница на „Турски тек“ ќе ја сочинуваат четири линии, а секоја ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Гасоводот ќе поминува низ рутата од 660 километри на „Јужен тек“, додека 250 километри ќе одат по нова рута кон европскиот дел на Турција. Турција наведе дека резултатите од испитувањата за влијанието на животната средина извршени за изградба на „Јужен тек“, можат да се искористат при изградбата на новиот гасовод.