Свет Балкан Турското МНР го повика рускиот амбасадор на разговор

Турското МНР го повика рускиот амбасадор на разговор

Турција денеска го повика рускиот амбасадор на разговор, обвинувајќи ја Москва за „провокација“ откако руски воен брод, во вооружени војници на палубата, мина низ Босфор.

Шефот на турската дипломатиј,а Мевлут Чавушоглу, вчера изјави дека Русија намерно провоцира, а како поткрепа на тврдењето ја посочи информацијата дека еден од војниците на палубата на рускиот брод што минувал низ Борсфор, на рамо држел ракетен фрлач вперен кон Истанбул.

Односите меѓу Анкара и Москва се влошија откако Турција минатиот месец стана прва членка на НАТО која урна руски авион во Сирија, при што загина еден пилот.