Култура Турскиот уметник Мустафа Чеват Атал со изложба во Куќата на Уранија

Турскиот уметник Мустафа Чеват Атал со изложба во Куќата на Уранија

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Куќата на Уранија, во организација на Завод и музеј од Охрид, ќе биде отворена самостојна изложба на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал, насловена „Инскрипции, жена во простор“.

Мустафа Чеват Атал дипломирал на Универзитетот „Селџук“, докторирал на Универзитетот „Гази“, а од 2013 година работи како лектор на Универзитетот „Намик Кемал“ во Текирдаг, Турција.

Зад себе има шест самостојни и голем број групни изложби.

„Инскрипции, жена во простор“ е најновиот циклус слики со кој авторот ќе се претстави пред охридската публика.