Свет Балкан Турскиот премиер најави затворање на воена база и на касарните што ги...

Турскиот премиер најави затворање на воена база и на касарните што ги користеа пучистите

Турција ќе ја затвори воздухопловната база во близина на Анкара, како и сите касарни што ги користеле одметнатите војници за време на неуспешниот обид за воен удар пред две недели, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Ќе ги затвориме сите касарни од кои излегоа тенковите и полетаа хеликоптерите – рече Јилдирим, обраќајќи се во близина на воздухопловната база Акинџи, северно од Анкара, кои заговорниците во обидот за пуч ја користеле како упориште на 15 јули.