Свет Свет Турскиот премиер Давутоглу свика итен безбедносен состанок

Турскиот премиер Давутоглу свика итен безбедносен состанок

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу свика итен безбедносен состанок на министрите, по експлозијата за која постои сомнеж дека е напад, а во која утринава беа убиени десет лица.

Меѓу учесниците на состанокот се министрите за внатрешни работи Ефкан Ала и шефот на известувачката служба Хакан Фидан, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на агенцијата „Анадолија“.

Во меѓувреме, на периферијата на Истанбул се случил голем пожар во еден хотел, но засега нема индиции дека тој инцидент бил поврзан со бомбашкиот напад кој се случи во близина на Сина џамија.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Султанахмет.