Свет Балкан Турскиот парламент расправа за зголемување на извршната власт на Ердоган

Турскиот парламент расправа за зголемување на извршната власт на Ердоган

Турскиот парламент денеска почна расправа за предложените уставни амандмани со кои би требало да се зголеми извршната власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Предложените уставни измени, исто така, треба да му овозможат да Ердоган уште двапати да се кандидира за претседател на државата.

Според очекувањата, расправата во парламентот би требало да потрае две недели, а реформите мора да поминат два круга на гласање и да добијат поддршка од најмалку 330 од 550 пратеници.