Свет Балкан Турската жандармерија спречила мигранти илегално да влезат во Бугарија

Турската жандармерија спречила мигранти илегално да влезат во Бугарија

Турската жандармерија спречила три групи мигранти илегално да ја преминат турско-бугарската граница, во близина на преминот Дереќој, јавуваат турските медиуми.

Жанадрмеријата привела околу 50 мигранти од Авганистан и од Сирија, кои со организиран превоз требало да заминат за Бугарија, а оттаму кон некоја од западноевропските земји. Мигрантите се префрлени во центар за прием на бегалци.

По затворањето на балканската бегалска рута, која преку Македонија и Србија водеше кон кон земјите од ЕУ, сè почести се обидите на мигрантите од Турција да стигнат до ЕУ преку Бугарија и Романија.