Свет Балкан Турската влада се залага на референдум да се одлучува за извршните претседателски...

Турската влада се залага на референдум да се одлучува за извршните претседателски овластувања

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска соопшти дека неговата влада се залага за референдум за извршните претседателски овластувања, без разлика дали турскиот парламент ќе ги одобри или не контроверзните уставни амандмани, кои ги бара актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

За измена на уставот на Турција потребна е поддршка од најмалку 367 од 550 пратеници во Парламентот, а владејачката Партија на правдата и развојот има само 317 пратеници.

За уставните реформи ќе се одлучува на референдум, доколку предлогот го поддржат 330 пратеници.