Свет Балкан Турската полиција идентификувала четворица припадници на ИД осомничени за убиства

Турската полиција идентификувала четворица припадници на ИД осомничени за убиства

Турската полиција идентификувала четворица членови на групата Исламска држава, кои биле осомничени за убиството на две лица, пронајдени заклани во октомври минатата година, во јужниот град Шанлурфа, јавуваат турски медиуми.

Главниот осомничен е Талас ал Сурур, Сириец, кој се здружил со двајцата убиени, Ибрахим Абделкадер и Фарес Хамади, велејќи им дека избегал од џихадистичка групација.

Дваесетгодишниот Абделкадер и неговиот пријател Хамади, активисти на антиџихадистичката група „Рака тивко се уништува“, беа пронајдени со пресечени грла во домот на нивни пријател на 30 октомври.

Главниот осомничен и двајцата негови соучесници избегале во Сирија по убиството, а четвртиот заминал во Германија.