Економија Туристичката понуда на Македонија претставена во Србија

Туристичката понуда на Македонија претставена во Србија

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија, од 18 до 21 февруари.

Претставници од Агенцијата оствариле средба со неколку српски туристички оператори, со кои разговарале за можноста за регионални вински и културни кружни тури.

Бројот на туристи од Србија во Македонија бележи постојано зголемување од 4 до 6 проценти на годишно ниво во последните пет години, а за наредната година приватниот сектор од двете земји очекува тој тренд на пораст да продолжи.