Македонија Црвениот крст отвора продавница за социјално ранливите категории граѓани

Црвениот крст отвора продавница за социјално ранливите категории граѓани

Црвениот крст на Македонија денеска отвора продавница за облека во која граѓаните од социјално ранливите категории ќе можат да купуваат по симболични цени.

Продавницата е дел од третата фаза на проектот, кој се реализира со поддршка на Алфа банка АД Скопје, а кој почна пред две години со поставување седум контејнери за донирање облека. Во рамките на оваа фаза, денеска, исто така, ќе бидат промовираани и четири контејнери за донирање облека кои се поставени во Скопје, Битола, Охрид и во Струга.