Свет Балкан Црвен Крст: За 24 часа во Прешево пристигнале меѓу 6.000 и 8.000...

Црвен Крст: За 24 часа во Прешево пристигнале меѓу 6.000 и 8.000 мигранти

Во последните 24 ласа во прифатниот центар во Прешево, на југот на Србија пристигнале меѓу 6.000 и 8.000 бегалци од Блискиот Исток, кои во Србија влегле од Македонија, изјави секретарот на Црвениот крст во Прешево, Ахмет Хаљими, додавајќи дека нивната регистрација траела цела ноќ и оти голем број бегалци и понатаму пристигаат од Македонија.

Околу 2.000 бегалци во моментов се наоѓаат во и околу препевското село Митровац, каде се наоѓа алтернативен пат за минување на границата.

Според Халими, сите бегалци кои се пријавиле во прифатниот центар во Прешево добиле доволна количина храна и вода. УНХЦР обезбедил автобуси со кои бегалците, после регистрацијата во прифатниот центар се превезуваат од Прешево кон Белград.

Сообраќајот на граничниот опремин Табановце-Прешево се одвива непречено и на него не можат да се вигат белаци, бидејќи според информациите од теренот, тие за минување на македонско-српската граница користат алтернативни патишта.

Во меѓувреме, ситуацијата во Гевгелија е вратена во нормала. Синоќа настана хаос откако полицијата ја отвори границата и во земјата влегоа околу 4.000 мигранти, кои потоа со приватни автобуси, минибусовии такси заминаа кон границата со Србија. Дел од мигрантите останаа на железничката станица во Гевгелија за да го фатат возот.

Од УХЦР соопштуваат дека просторот околу транспортниот центар во Гевгелија е рачистен, но додаваат дека се уште голем бројот на мигранти кои чекаат влез во земјава и транспорт кон Србија.