Македонија Црвен Крст на Град Скопје ќе згрижува бездомници

Црвен Крст на Град Скопје ќе згрижува бездомници

Црвениот крст на Град Скопје ќе згрижува бездомници во Прифатилиштето за бездомници во Момин Поток. Тимови на Црвен крст ќе патролираат низ улиците на Скопје од 19 до 22 часот за да ги згрижуваат бездомниците. Доколку некој забележи бездомник, може да ја пријави локацијата на телефонските броеви 070/250-054 и 070/317-803.
Бездомниците во прифатилиштето ќе добијат топол кревет, бања, облека, храна и пијалаци. Во прифатилиштето ќе биде обезбедена и поддршка од лекар, психолог и од социјален работник.
Тие што нема да сакаат да се сместат во прифатилиштето од Црвен Крст, ќе добијат ќебиња, вреќи за спиење и топол чај.
Во акцијата можат да се вклучат сите граѓани со донирање облека, храна, средства за хигиена и ќебиња.