Свет Свет Црната кутија покажува дека бомба го соборила рускиот авион

Црната кутија покажува дека бомба го соборила рускиот авион

Француските медиуми објавуваат дека според првичните резултати од истрагата на црната кутија, причина за падот на рускиот авион над Египет е бомба, која била поставена во внатрешноста.

Првичната анализа на црната кутија открива дека на снимките се слуша експлозија и сè се случило одеднаш, наведуваат медиумите.

Американските и европските официјални лица предупредија дека конечниот форензички доказ дека авионот се урнал поради бомба сè уште недостига. Сè уште не е исклучена можноста до пад на авионот да дошло поради дефект.

Агенцијата „Ројтерс“ пишува дека постојат контрадикторни податоци за тоа каде била скриена бомбата во авионот.

Авионот „ербас А321“ на компанијата „Когалимавиа“ се урна на 31 октомври на летот кон Санкт Петербург од Шарм ел Шеик, при што загинаа сите 217 патници и седум членови на екипажот.