Македонија ЦО на СДСМ го овласти Заев да го продолжи процесот за излез...

ЦО на СДСМ го овласти Заев да го продолжи процесот за излез од кризата

На седницата одржана вечерва, централниот одбор на СДСМ го поздрави исполнувањето на двата услови што ги постави партијата.

„Се спречи одржување на криминални избори на 5 јуни и аболицијата целосно се поништи. Ова ќе беше невозможно без огромната упорност, храброст и решителност на илјадници граѓани, кои мирно и достоинствено протестираа на улиците во Македонија, за враќање на правдата, слободата и на демократијата“, соопштија од партијата.

Централниот одбор на СДСМ ги овластил претседателот Зоран Заев и раководството на партијата да го продолжат процесот за излез од политичката криза преку обезбедување и осигурување на владеењето на правото, како и исполнување на условите за одржување на регуларни, фер, демократски и веродостојни избори.