Македонија Ципрас за средбата со Заев: Се направија чекори за приближување, имаше и...

Ципрас за средбата со Заев: Се направија чекори за приближување, имаше и знаци на разбирање

Се направија некои чекори за приближување, имаше знаци на разбирање и добра волја, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос за развојот на настаните во македонско-грчките односи, јавува Македонската информативна агенција (МИА).

– Прашањата за иредентизмот се прашања што треба да станат приоритет при решавањето на проблемот со името. Мислам дека е позитивна, и знак на добра волја, промената на имињата и на аеродромот и на автопатот што ги поврзува двете земји, бидејќи тоа е критично прашање – изјавил Ципрас.

Грчкиот претседател, говорејќи за Македонија, го споменал иредентизмот како најголем проблем.

– Иредентизмот и елиминирањето на иредентизмот, не е прашање само на Грција, не е тема што ја поставуваме само ние. Треба и нашите соседи да разберат дека е прашање и на Европската унија. Иредентизмот е комплетно спротивен на европското законодавство. Според тоа, кој било тек до Европската унија, поминува преку елиминирање на сите оние иредентистички елементи што постојат во името – изјави Павлопулос.

Денешната средба на Ципрас и Пвалопулос во претседателската палата, била во рамките на активностите на грчкиот премиер, да извести за средбите со македонските политичари во Давос. Претходно, Ципрас разговарал и со министрите во владата.