Свет Балкан Ципрас во мај во Србија

Ципрас во мај во Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во мај ќе го посети Белград.

Според извори од грчката влада, Ципрас ќе оди во посета на Србија на покана на неговиот српски колега, Александар Вучиќ.

Ова ќе биде втора посета на Ципрас на Србија, по неговата посета како лидер на опозицијата во декември 2014 година. Клучна тема на разговори се очекува да биде развојот на билатералните врски и грчката поддршка за европската интеграција на Србија. На агендата на Ципрас и на Вучиќ се очекува да се најдат и детални разговори за целата ситуација на Балканот.