Македонија Цигарите од јули ќе поскапат за три денари

Цигарите од јули ќе поскапат за три денари

Цигарите треба да поскапат за околу 3 денари по кутија од 1 јули 2015 година, според календарот за зголемување на акцизите.

Цената на цигарите ќе се зголемува и наредните седум години. До 2016 година, ќе поскапуваат по 3 денари годишно, а секоја наредна година по околу 4 денари за една кутија.

Значи, ако кутија цигари сега чини 60 денари, од 2016 ќе се продава за 66 денари.