Свет Балкан Церемонија за затворање на Хашкиот трибунал во воени злосторства во поранешна Југославија

Церемонија за затворање на Хашкиот трибунал во воени злосторства во поранешна Југославија

Со церемонија во Хаг, денеска ќе се одбележи згаснувањето на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, познат и како Хашки трибунал, кој ќе престане да работи на крајот на годинава.

На церемонијата ќе присуствуваат официјални претставници од неколку поранешни југословенски републики, чии државјани во текот на изминатите 24 години се процесуирани во Судот.

Судот беше основан на 25 мај 1993 година од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации со цел да ги гони сторителите на воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.

За време на 24-годишната работа Трибуналот процесуираше 161 обвинети, од кои, повеќе од половината беа дела од воениот и политичкиот врв на Србија и Република Српска.