Свет Балкан Цензура во Албанија: Забранета ТВ-епизода на „Смртоносните ридови“

Цензура во Албанија: Забранета ТВ-епизода на „Смртоносните ридови“

Во Албанија завчера требаше да се емитува третата епизода од емисијата „Публикус“ на телевизискиот канал „Визион плус“, но неочекувано емисијата не беше прикажана.
Минатата недела авторите на оваа емисија објавија интернет-декларација за случајот, која ја нарекоа „Паѓање на екранот“.

„Директорите на „Визион плус“ објавија дека нема да дозволат емитување на третата епизода на емисијата „Публикус“, наречена „Смртоносните ридови“, која требаше да се емитува во недела, на 10 октомври 2016 г. Освен тоа, тие ја повлекоа целата финансиска поддршка за емисијата и ја отстранија рекламата за емисијата на официјалната веб-страница на телевизијата. Ова е уште еден тежок случај во областа на медиумите и е агресивен и ненадеен напад на медиумите“, се вели во објавата на авторите на емисијата „Публикус“.