Економија Цените на угостителските услуги зголемени за 0,5 отсто во однос на 2014...

Цените на угостителските услуги зголемени за 0,5 отсто во однос на 2014 година

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, остана на исто ниво, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0,5 отсто, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,4 отсто.