Економија Цените на индустриските производи на странските пазари опаѓаат

Цените на индустриските производи на странските пазари опаѓаат

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 2,3 проценти на месечно ниво, а за 3,5 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2015 година, во споредба со јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 2,6 проценти, а во секторот преработувачка индустрија за 2,3 проценти.