Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3,8 проценти на годишно ниво.
Во мај 2015 година, во споредба со април годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,9 проценти, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5 отсто.
Во мај годинава, во споредба со мај минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 процент, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 4,6 проценти.