Економија Цената на нафтата ќе се намали на 40 долари

Цената на нафтата ќе се намали на 40 долари

„Интернешнел бизнис тајмс“ (The International business times) објави дека цената на суровата нафта ќе почне да опаѓа кога глобалните резерви ќе почнат да се зголемуваат, така што на пазарот во САД таа наскоро ќе достигне 40 долари за еден барел.
Според весникот, цената на нафтата од типот „брент“ исто така ќе се намали под притисок на зголемените резерви, а нафтата од типот „wti“ наскоро ќе дојде до 40 долари за еден барел, ниво кое не е видено од почетокот на 2009 година.

Во моментов нафтата во САД се тргува по цена пониска од 50 доалри, а „брент“ се наоѓа на ниво пониско од 60 долари.