Македонија Цената на бензините останува иста

Цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика ги објави старо-новите цени на горивата и освен малото поевтинување на дизел-горивото, тие остануваат непроменети.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на РКЕ, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0,5 проценти, а тоа значи дека малопродажните цени на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ остануваат исти и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 67,50, односно 69,50 денари. Единствено се намалува цената на „еуродизел“ , но за само 0,50 денари, па еден литар од ова гориво ќе чини 53 денари.

Измените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.