Економија ЦЕБИ: Велика Британија ќе стане најсилна економија во ЕУ до 2030 година

ЦЕБИ: Велика Британија ќе стане најсилна економија во ЕУ до 2030 година

Велика Британија до 2030 година ќе стане најсилна европска економија, престигнувајќи ја Германија, оценува Центарот за економски и бизнис-истражувања (ЦЕБИ) со седиште во Лондон.

Во годишниот извештај, во кој се занимава со анализа на 30 најголеми економии на светот, ЦЕБИ оцени дека падот на популацијата и најверојатното слабеење на еврото неповолно ќе влијае врз економските перформанси на Германија, пренесуваат белгиските медиуми.

Од друга страна, Центарот наведува дека порастот на популацијата во Британија значително ќе придонесе за економското забрзување на земјата, чии економија следната година ќе ги надмине максималните резултати што ги оствари пред рецесијата.

ЦЕБИ додава дека за британската економска експанзија, освен порастот на бројот на популацијата, ќе придонесе и малата зависност од другите европски економии, како и релативно ниските даноци во однос на европските стандарди.

Во извештајот на Светската економска лига, во кој ЦЕБИ ги рангира глобалните економии и ги прогнозира нивните идни позиции, исто така наведува дека Кина ќе ги престигне САД во 2028 година, што е порано во споредба со предвидувањата на некои аналитичари.