Македонија Царинската управа заплени 22 килограми марихуана

Царинската управа заплени 22 килограми марихуана

Царинските службеници од одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 23. 20 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, селектирале за контрола патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин.

При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, биле пронајдени 40 пакувања обвиткани со леплива лента и со алуминиумска фолија за кои било констатирано дека се работи за 21,7 килограми марихуана.

Откриената дрога и лицето се предадени на Министерството на внатрешни работи за понатамошна постапка.