Свет Трудо ќе биде првиот премиер на Канада кој ќе учествува на Парада...

Трудо ќе биде првиот премиер на Канада кој ќе учествува на Парада на гордоста

Организаторите на Парадата на гордоста во Торонто објавија дека Џастин Трудо ќе биде првиот премиер на Канада кој ќе учествува во маршот, јавува „Си-Би-Ес“.

Трудо ќе се појави на парадата на 3 јули.

Градот ќе ја организира манифестацијата на тема припадност и инклузивност.

Покрај Трудо, во маршот ќе учествуваат и министерот за финансии Бил Морно и премиерката на Онтарио, Четлин Вин, како и градоначалникот на Торонто, Џон Тори.

Организаторите нагласија дека место во маршот ќе имаат и сириските бегалци кои се хомосексуалци.