Економија Трошоците за живот лани бележат мало намалување во однос на 2014 година

Трошоците за живот лани бележат мало намалување во однос на 2014 година

Индексот на трошоците за живот во 2015 година, во однос на 2014 година, бележи намалување од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Движењето на индексот на трошоците за живот во 2015 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.

Намалување на индексите е забележано во групите транспорт за 9 проценти и комуникации за 4,9 проценти.

Пораст на индексот е забележан во групите алкохолни пијалаци, тутун за 5,4 проценти, мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 2 проценти, здравје за 1,5 отсто, ресторани и хотели за 1,2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,1 отсто, рекреација и култура за 0,8 отсто, облека и обувки за 0,4 отсто, храна и безалкохолни пијалаци и образование за 0,1 отсто.