Економија Трошоците за заштита на животната средина изнесувале 1,3 отсто од БДП во...

Трошоците за заштита на животната средина изнесувале 1,3 отсто од БДП во 2014 година

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6.622.042.000 денари, објави Државниот завод за статистика.

Учеството на трошоците за заштита на животната средина во домашниот бруто-производ во 2014 година изнесувале 1,3 отсто.

Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12,8 проценти.

Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во вкупните инвестиции во основни средства изнесува 2,4 проценти.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и во специјализираните производители, 4.895.501.000 денари, односно 73,9 проценти.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 31,5 отсто се наменети за инвестиции, а 68,5 проценти се за одржување на средствата.