Свет Европа Тројцата астронаути безбедно се вратија на Земјата

Тројцата астронаути безбедно се вратија на Земјата

Тројцата астронаути безбедно слетаа во Казахстан по престојот на Меѓународната вселенска станица, кој траеше подолго од предвиденото.

Американецот Тери Виртс, Антон Скаплеров од Русија и Италијанката Саманта Кристофорети се вратија на Земјата по 199 дена минати во вселената, речиси еден месец повеќе отколку што беше планирано.

Мисијата им беше продолжена поради неуспешното лансирање на руското вселенско летало со опрема во април годинава.