Хроника Тројца разбојници ограбиле илегални мигранти во Куманово

Тројца разбојници ограбиле илегални мигранти во Куманово

Седуммина сиријски државјани, илегални мигранти, викендов биле ограбени од тројца разбојници во близина на автобуската станица во Куманово, информираат од МВР.

Според полицијата, во саботата околу 17.30 часот, седумте сиријски државјани, откако се симнале од автобус на станицата во Куманово, ги пресретнало непознато лице, кое им се понудило да им го покаже патот за Србија или за селото Лојане. Тие тргнале со него, но по кратко време, на непознатото лице му се придружиле уште две лица, кои со пиштол и со нож им се заканиле на мигрантите и им зеле околу 1.200 евра, четири прстени, четири мобилни телефони и три часовници.

Сиријските државјани биле сместени во прифатниот центар во Скопје, а полицијата презема мерки за откривање на разбојниците.