Свет Европа Тројца повредени на студентските протести во Лондон

Тројца повредени на студентските протести во Лондон

Студентите во Лондон протестираат против зголемување на школарината

На студентските протести во центарот на Лондон дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, во кој полесено се повредени тројца полицајци. Неколку илјади студенти протестираа, противејќи се на зголемувањето на школарината. Полицијата уапсила група студенти откако се оделиле од маршот и ја пробиле заштитната ограда, по што се судриле со полицајците.
Скотланд јард соопшти дека различни проектили биле фрлени врз полицијата.
Денешниот протест е прв поголем во Лондон откако пред три години имаше масовни немири против мерките за штедење на британскиот премиер Дејвид Камерон.