Свет Европа Тројца осудени за тероризам во Русија

Тројца осудени за тероризам во Русија

Воениот суд во Москва осуди тројца мажи од Северен Кавказ на затворски казни од три до 14 години поради тероризам.

Аслан Баисултанов, Мохамед Мезхидов и Елмар Ашај биле поврзани со екстремистичката група Исламска држава во Сирија и планирале терористички напади во Москва.

Според податоците од руските власти, најмалку 5.000 државјани на Русија, но припадници на други националности од некогашните советски републики се борат во Сирија и Ирак на страна на милитантите на ИД.