Македонија Тројца затвореници избегале од Идризово, полицијата ги нашла осум часа подоцна и...

Тројца затвореници избегале од Идризово, полицијата ги нашла осум часа подоцна и ги вратила

Тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, по што биле лишени од слобода

Фото: Image by ErikaWittlieb from Pixabay

Вчера изутрина околу 9 часот тројца затвореници побегнале од казнено – поправната установа, затворот „Идризово“ каде што издржувале казна затвор за различни дела. Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција ги лишиле од слобода тројцата затвореници, И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од с.Студеничани, скопско, околу 16.45 часот, информираат од МВР.

„Тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М.Р. бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната“, известуваат од МВР.

Полицијата информира дека тие ќе бидат спроведени во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.