Подглавна секција Тројца убиени при пукање во Ерусалим утрово

Тројца убиени при пукање во Ерусалим утрово

Израелските власти велат дека двајцата напаѓачи биле убиени од полицијата и еден вооружен цивил

Ридот на Храмот и џамијата Ал Акса во Ерусалим. Фото: Godot13 @ Wikimedia Commons - Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0

Три лица утрово биле убиени во Ерусалим при вооружен напад, пренесува Би-би-си. Израелските власти велат дека двајцата напаѓачи биле убиени од полицијата и еден вооружен цивил.

Напаѓачите, наводно, пукале на автобуска станица за време на утринските гужви.

Службата за брза помош соопштува дека најмалку шест лица се повредени, а некои од нив се во критична состојба.