Подглавна секција Тројца повредени во напад со нож на железничка станица во Париз

Тројца повредени во напад со нож на железничка станица во Париз

Ниеден од повредените не е тешко повреден

Фото: DiscoA340, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Утрово во 8 часот биле повредени три лица во напад со нож на големата железничка станица Гар де Лион во Париз, соопшти француската полиција. Ниту едно од лицата не претрпело сериозни повреди, пренесува „Скај њуз“.

Едно осомничено лице е уапсено и засега не е познат мотивот, но началникот на париската полиција изјави оти се чини дека мотивот за нападот не е терористички.

Напаѓачот имал нож и чекан со себе. Според информациите собрано од француските телевизии и весникот „Ле монд“, напаѓачот е 32-годишен маж од Мали и имал италијанска возачка дозвола.

Дел од железничката станица Гар де Лион, која важи за една од најпрометните железнички станици во Париз, се привремено надвор од употреба додека се извршува истрагата.