Дописници Тркалезна маса: Заштита на правата на граѓаните во постапките на извршување

Тркалезна маса: Заштита на правата на граѓаните во постапките на извршување

Хотел „Метропол“ во Охрид

Во хотелот „Метропол“ во Охрид, денеска и утре, во организација на Народниот правобранител на Република Македонија, а во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, се одржува тркалезна маса на тема: „Заштита на уставните и на законските права на граѓаните во постапките на извршување и во остварување на избирачкото право“.

Учесниците ќе расправаат по низа актуелни теми: „Народниот правобранител и заштитата на правата на граѓаните во постапките на извршување“, „Дисциплинска одговорност на извршителите“, „Постапка на извршување врз парично побарување по сметка кај банка што му припаѓа на физичко лице“, „Извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права“ и слично.

Тркалезната маса ќе ја отворат и пред присутните ќе се обратат народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, и Марк Ласер, виш правен советник при Амбасадата на САД во Скопје.