Свет Свет Тридневен прекин на огнот во Сирија по повод Рамазан-бајрам

Тридневен прекин на огнот во Сирија по повод Рамазан-бајрам

Сириската армија денеска прогласи 72-часовен прекин на огнот во целата земја по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам.

„Режимот на примирје ќе се применува на целата територија на Сириската Арапска Република и ќе трае 72 часа, почнувајќи од 13 часот по локално време, односно 11 часот по средноевропско време, на 6 јули“, се нагласува во соопштението.