Македонија Три жени во последното деноноќие жртви на семејно насилство

Три жени во последното деноноќие жртви на семејно насилство

Случаите се пријавени во Штип, Гостивар и во Скопје

Image by Nino Carè from Pixabay

Три случаи на семејно насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во полицијата. Случаите се пријавени во Штип, Гостивар и во Скопје.

Вчера околу 15.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го уапсиле Н.М.(46) од Штип затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал својата невенчана 39-годишна сопруга, при што употребил тврд и остар предмет.

Во 16.30 часот во Полициската станица Гостивар, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.И.

Во 18.30 часот, пак, во Полициската станица Аеродром, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 18.20 часот на подрачје на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички била нападната од нејзиниот сопруг Б.П.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, најавува МВР.