Свет Европа Три цивили убиени во Украина

Три цивили убиени во Украина

Две лица загинаа на истокот на Украина откако нивниот автомобил бил погоден од граната, соопштија украинските власти. Инцидентот се случил на 20 километри од линијата на фронтот.

Сепаратистите во регионот на Донецк јавија дека еден цивил загинал во артилериски напад на градот Јанакиев. Дваесет куќи се уништени во нападот.

Во судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти досега загинаа повеќе од 6.400 лица.