Свет Европа Три руски банки поднесоа тужба против европските санкции

Три руски банки поднесоа тужба против европските санкции

Три големи руски банки поднесоа жалба пред Европскиот суд за правда во Луксембург против санкциите на Европска Унија, јавуваат денеска руските медиуми.

Банките Сбербанк, ВТБ и ВЕБ оценуваат дека европската одлука да бидат ставени на црна листа е илегална и ги нарушува меѓународните договори склучени во рамките на Светската трговска организација (СТО).

Санкциите на 28-те земји-членки на ЕУ против Русија се диригирани против клучните сектори на руската економија, како енергијата и финансиските институции.

На банките им е ограничен пристапот до меѓународните финансиски пазари.