Македонија Три пожари во еден ден во Куманово

Три пожари во еден ден во Куманово

Територијалната противпожарна единица Куманово вчера интеревенирала трипати, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи.

Кумановските пожарникари интервенирале во периодот од 13 до 13.17 часот на запален автомобил „опел астра“ пред супермаркетот „Туш“. Пожарот на автомобилот го локализирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.

Кумановските пожарникари, вчера интервенирале и на опожарена нива со пченица и стрниште. Пожарот во Слатино, во атарот на кумановско Тромеѓа, го локализирале пет пожарникари и едно противпожарно возило во периодот од 17.20 до 19.35 часот.

Последната интервенција е на запалена сува трева на градските гробишта од 18.45 до 19.25 часот, кога е интервенирано со едно противпожарно возило и со тројца пожарникари.